ФОТО: Акцијашите расчистуваа урнатини кај Старата железничка станица

Од:

Расчистуваа урнатини, извлекуваа повредени и санираа повреди. Ваква симулација на расчистување урнатини по земјотрес денеска изведоа волонтерите од Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање во сферата на екологијата „Акцијаши“, на платото кај Старата железничка станица.

Нивната симулација е дел од програмата на Град Скопје за одбележување на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година.

akcijasi-zemjotres (2)

– Со нашите активности сакаме да испратиме порака за хуманост и за солидарност и да го популаризираме волонтерството меѓу нашите сограѓани, особено меѓу нашите најмлади – вели Горан Илиев, член на управниот одбор на „Акцијаши“.

Акцијашите во текот на вчерашниот ден кај градската плажа „Парк“ подигнаа камп за елементарни непогоди и ги почнаа активностите по повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година.

akcijasi-zemjotres (3)

Во кампот се сместени околу 150 волонтери и членови на бригадите што директно учествувале во расчистувањето на урнатините по скопскиот земјотрес, од повеќе делови на поранешна Југославија.

akcijasi-zemjotres (4)

Утрово, во 05:17 часот акцијашите ги разбуди сирена, по што тие се упатија кон Старата железничка станица каде што изведоа симулација на расчистување урнатини по земјотрес, помош на настрадани и санирање повреди, во соработка со активистите на Црвениот крст на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он