Акција за заловување кучиња во Куманово

Од:

Дваесетина кучиња скитници заловија стручните екипи за два дена од градскиот плоштад и од улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Овие кучиња, претходно не се забележани на подрачјето на градот и немале карактеристични обележја.

-Се појавија одредени кучиња што досега не сме ги заловувале, третирале. Кучињата се заловени, ќе добијат соодветен третман, по мислење на ветеринарните лекари, по што ќе бидат понудени на вдомување. Оние кои нема да добијат вдомување по триесет дена ќе бидат вратени на локацијата каде што се заловени, изјави Гордан Таневски, од секторот за инспекциски надзор, од општина Куманово.

И оваа акција како и претходните се спроведува во рамки на годишниот тендер што го спроведува општината за заловување на кучиња во вредност од 800.000 денари без ДДВ. Тендерот за заловување го спроведува ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.

Од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово ги следат најавените измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, согласно кои ќе ги изработуваат програмата и плановите за идниот третман што ќе треба да го понуди општината во овој сегмент.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување