Акција за заловување кучиња скитници во Куманово

Од:

Заврши тендерот за заловување на кучиња скитници кој го распиша општина Куманово и која за оваа намена од општинскиот буџет одвои 800.000 денари без Данок на додадена вредност, соопштија денеска одговорните од секторот за инспекциски надзор.

Тендерот го доби АД Ветеринарско сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово како најповолен понудувач. Од денеска започна и конкретна реализација на тендерот и утрово екипите на центарот започнаа со заловување на кучиња скитници во центарот на Куманово.

– Акцијата за заловување ќе трае наредните денови, согласно потребите и капацитетот на прифатлиштето со кое располга Центарот. Кучињата ќе се заловат, ќе се изврши стерилизација, вакцинанција и дехелминитизација на бездомните кучиња и кучињата ќе се идентификуваат со микро чип и околувратник во боја. Ова е новина согласно законските одредби, изјави комуналниот редар Гордан Таневски.

Минатата година, соопштија одговорните, беа заловени 350 кучиња скитници. Општината Куманово е единствената во држвата која овој тендер го реализаира на годишно ниво. Лани, во неколку наврати, граѓани, здруженија за заштита на животни регистрираа неколку случаи кога со камиони беа растоварани поголем број на кучиња од други општини на неколку локации во Куманово. Овие случаи се пријавени во полицијата и се води постапка против непознат сторител.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски