Акција за собирање смет во Ѓорче Петров

Од:

На повеќе локации во општина Ѓорче Петров се спроведува голема акција за собирање смет. Се чистат депонии кај фабриката “Адинг”, во Кучково, кај ООУ “Јоаким Крчоски”, во Ново Село, под обиколницата и на други локации. Подигнато е повеќе од шест камиони шут, кабаст материјал и смет, информираат од општината.

„Акција за чистење на улици и депонии се спроведуваше и викендов. Службите на општината во соработка со Град Скопје интервенираа на повеќе локации, односно се чистеше на главните, собирните и споредните улици во општината. Покрај општинските комунални служби, во акцијата беше вклучено и Јавното претпријатие “Комунална хигиена”, соопшти прес-службата на општината.

Оттамѕ велат дека целта на акцијата е почисто Ѓорче, слободен пристап до објектите каде што до скоро имало шут, но пред се, заштита на животната средина и превентивно делување заради опасност на ширење зарази од депониите кои подолго време не биле расчистени.

Би можело да ве интересира

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска