Акција за собирање отпадни гуми во Вардариште

Од:

Околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила собрани се во акцијата во населеното место Вардариште и предадени се на фирма овластена за постапување со ваков отпад.

Акцијата за собирање отпадни гуми во Вардариште ја реализираше комуналната инспекција и инспекција за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба.

На оваа локација, како што соопшти општина Гази Баба, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.

– Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, стои во соопштението од општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот