Акција за собирање електричен отпад

Од:

Општина Бутел викендов ќе организира акција за собирање на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори.

– За таа цел ги повикуваме граѓаните да го подготват непотребниот електричен отпад и да ги изнесат старите, расипаните и непотребните електрични апарати пред своите домови или стамбени згради, како би можеле екипите на општина Бутел да го соберат, односно да го товарат во соодветни товарни возила, се вели во соопштението од општината.

Во сабота на 14 април од 9:00 до 16:00 отпадот ќе се собира во населбата и село Радишани, Расадник и Љуботенски пат, а во недела на 15 април во периодот од 9:00 до 14:00 часот за граѓаните од Бутел 1 и 2 и Скопје Север.

Од општината информираат и дека по завршувањето на акцијата граѓаните ќе имаат каде да ги одложуваат непотребните и расипани електронски апарати.

На територијата на Општина Бутел веќе се поставени три контејнери: Пред Општина Бутел, пред ОУ „Ацо Шопов“ и пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.

Претходно граѓаните ќе треба да го побараат недлежниот редар кој ќе им го отклучи контјнерот во кој ќе се складира непотребниот електронски уред, или друг електричен отпад. Контакт лицата се од општината Душко Неделчиќ, 070/681-740, за контејнерот пред Општина Бутел и Димитар Ѓаковски, 070/651-156, за контејнерот пред ОУ „Ацо Шопов„ и Тони Михајлов, 070/328-397, за контејнерот пред ОУ „Петар Здравковски Пенко“.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот