Акција за селектирање пластика во Лисиче

Од:

Општина Аеродром од денеска почнува акција за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, во соработка со здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“, а со поддршка на Град Скопје.

Акцијата вклучува 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои ќе им бидат доделени две ќеси за да ја селектираат својата пластика. Ќесите ќе бидат доделени од страна на претставници на здруженијата, кои ќе ги запознаат „домаќините“ со идејата на проектот и ќе им се понуди соработка. Една ќеса ќе се користи за тврда пластика (амбалажен отпад од јогурт, шампон, детергент, лименки), а другата ќеса за ПЕТ амбалажа (пластични шишиња за вода, сок, пиво, зејтин и оцет, односно сите оние амбалажи кои имаат знак „триаголник за рециклирање“).

Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад. Неформалните собирачи на отпад ќе имаат видлива идентификација.

Од Општина Аеродрмон наведуваат дека целта на оваа акција е да се тестира систем за услуга за собирање отпад „од врата на врата“ и да се организира собирањето отпад на формален начин за интеграција на неформалните собирачи на отпад.

Резултати што се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија на неформалните собирачи на отпад.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски