Акција за помош на настраданите од поплавите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ Охрид

Од:

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид се приклучува на акцијата за обезбедување помош на настраданото население од поплавите во Скопје и Тетово. За таа цел отвора пункт во своите простории каде жителите на Охрид и околината можат да донираат помош.

– Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на Република Македонија апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. Донациите може да се достават во просториите на Универзитетот, на улица „Партизанска“ б.б. секој ден од 10 до 16 часот, велат од Универзитетот. 

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост