Акција за подобрување на комуналната хигиена во Гевгелија

Од:

На територијата на општина Гевгелија сеуште се одвива акцијата за расчитување и отстранување на дивите депонии во градот и населените места, а паралелно со неа ќе се реализира и акција за подобрување на комуналната хигиена,потврдија денеска од општинската комунална служба.

– Гевгелија, според намерниците, важи за чист и уреден град, но, граѓаните секогаш оправдано имаат забелешки на одржувањето на комуналната хигиена поради што ќе ја спроведеме акцијата за проверка на програмираните мерки и активности за одржување на јавната чистота во градот, велат комуналните инспектори.

Според програмата за јавна чистота, што ја донесува Советот на општината, а ја спроведува јавното претпријатие „Комуналец“, приоритет на комуналните работници е редовното одржување на јавната хигиена особено пред почетокот на пролетната сезона. Акцијата предвидува централното градско подрачје секојдневно да се чисти во утринските часови, а другите јавни површини во градот да се чистат еднаш неделно.

Контрола на спроведувањето на програмата и реализацијата на активнотите од неа ќе врши комуналната инспекција на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци