А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Акција за подигнување на свеста за алтернативни премини за велосипедисти и пешаци

by А1он14/03/2018 - 08:47119
Share0

Пешаци и велосипедисти во координација со здружението „На точак“ денеска преку едночасовна акција на крстосницата на булеварите „Партизански Одреди“ и „8 септември“ ќе се обидат да ја подигнат свеста кај јавноста и да ги повикаат институциите да обезбедат алтернативни велосипедски и пешачки премини кога се изведуваат градежни работи.

Добивај вести на вибер

Учесниците во акцијата ќе направат жив штит кај крстосницата кај ГУЦ „Здравско Цветковски“ каде се изведува градежен зафат со цел во периодот од 17 до 18 часот да обезбедат безбеден премин за пешаците и велосипедистите преку оваа критичка точка.

– Мотивот за акцијата, саркастично насловена „Национален ден на немање безбедна патека при градба“, е долгогодишниот и репетитивен проблем на необезбедување на алтернативни премини за корисниците на пешачките и велосипедските патеки при изведување на градежни работи. Честопати при градежните интервенции се случува овие патеки да се блокираат целосно и во времетраење од неколку месеци, без притоа да се обезбеди алтернатива за движење во тој дел на патеките, велат организаторите.

Според нив, ваквите ситуации ги доведуваат во опасност пешаците и велосипедистите, а државата нема правилници за оваа проблематика.

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен