Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените

Од:

Градската организација на СДСМ Скопје организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од местата кои беа поплавени по невремето на 6 август.

Под мотото „Хумано Скопје подава рака“, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, од 10 до 12 часот.

Ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека за граѓаните од погодените подрачја во Скопско, а донациите ќе ги преземаат младите членови на партијата (СДММ).

Пунктови во Аеродром се: Паркинг на Неоком – Железничка станица; Паркинг на ОУ „Љубен Лапе“ и Последна автобуска станица на бр. 5 во населба Ново Лисиче.

Пунктови во Кисела Вода се: Парк спроти Општина Кисела Вода; Парк спроти Расадник – кино Кисела Вода и Паркинг пред поштата во населба Драчево.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски