Акција за дератизација во Гевгелија

Од:

Гевгелиското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ и фирмата „Зотокс“ од Скопје утре на територијата на општина Гевгелија ќе спроведат акција за дератизација на канализационата мрежа.

Надлежните од „Комуналец“ информираа дека во акцијата за уништување на глодарите и штетниците во фекалната и атмосферската канализација ќе бидат третирани 1.500 шахти во Гевгелија и населените места Богородица, Негорци, Миравци и индустриската зона „Блокотехна“.

Гевгелиските комуналци очекуваат дератизацијата да уништи голем дел од глодарите и штетниците кои во последно време се многу намножени во канализациската мрежа во општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци