Акција за чистење на крајбрежјето на Дојранското Езеро

Од:

Во Дојран денеска почна акцијата за чистење на водните текови и крајбрежјето на Дојранското Езеро, насловена „Аларм за природата-Дојран 2013“.

Чистењето на крајбрежјето од граничниот премин Стар Дојран до централното градско подрачје во должина од 3,5 километри го почнаа активисти на „Аларм на природата“ со отстранување на трските и дрвјата израснати во езерото.

– Со оваа акција сакаме да ги лоцираме проблемите и да ги решиме. Со помош на членовите и волонтерите на „Аларм на природата“ наредните два месеца ќе успееме да придонесеме за почиста околина и уредено крајбрежје. Особено ме радува тоа што младите ќе имаат можност да другаруваат и целата енергија да ја насочат кон природата, изјави градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

Тој посочи дека двомесечниот еко-караван ќе заврши со организирање голем концерт кон крајот на летото.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска