Општината Ѓорче Петров почна акција за интензивно отстранување на ѓубре на поголемите депонии на нивната територија.
Како што соопштија од општината, екипите и механизацијата на претпријатијата избрани за оваа намена исчистиле околу 40 илјади кубни метри градежен шут, кабаст отпад, стари електрични апарати и друго од депонијата во село Ново село која се протега на површина од 20.000 м2 .
Истата површина ќе биде засадена со садници и ќе се уреди како зелена површина.
– Екипите ќе продолжат и со чистење на коритото на реката Лепенец се додека не се добие една уредна и чиста слика што ќе го разубави просторот, информираат од општина Ѓорче Петров.
Од општината апелираат до граѓаните да не се одлага комунален смет и интерен отпад на диви депонии бидејќи строго ќе се применува законот за јавна чистота и ќе се преземат високи и ригорозни казни.