Акција за чистење на дивите депонии на Беровското Езеро

Од:

Со организирана акција на општинската администрација и Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово се расчистуваа диви депонии на туристичкиот локалитет Беровско Езеро.

Во акцијата учетсвуваше и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој апелираше за поголема свест кај граѓаните за чиста живитна средина.

– Токму природата е нашиот најзначаен ресурс со кој располагаме и токму туристичките локалитети, особено Беровско Езеро е нашиот најзначаен туристички локалитет кој совесно треба да го чуваме и да ја заштитуваме околината од формирање диви депонии кои создаваат лоша слика за Берово во промовирањето како посакувана туристичка дестинација. Дивите депонии се резултат на нашата свест кон животната средина, затоа треба секој да тргне од себе и да придонесе за заштита на средината во која живееме, апелирам одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена истакна Пекевски.

Чистењето на сметот се одвиваше околу одморалиштето и по патеката кон круната на Езерото.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он