Акција за бесплатно мерење шеќер во крвта во кумановски Средорек

Од:

Здружението на дијабетичари од Куманово, во соработка со лекарите од Центарот за јавно здравје и организацијата „Даја“ денеска во населбата „Средорек“ организираа бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта.

Акцијата има за цел да ја подигне јавната свест кај граѓаните за редовна контрола за оваа болест. Од здружението истакнаа дека се задоволни од одѕивот на граѓаните.

– Вообичаено од измерените, кај 10 проценти од граѓаните се појавуваат знаци на покачено ниво на шеќер во крвта, и тогаш ги упатуваме кај матичен лекар и специјалист да провери и да им препише доколку треба терапија, посочи Воислав Јовановиќ, претседател на извршен одбор на Здружението на дијабетичари.

По мерењето шеќер присутните имаа можност да присуствуваат на предавање за дијабетесот кое го одржа специјалистот по социјална медицина во Центарот за јавно здравје, Марјан Денковски.

Тие се информираа за причините за настанување на дијабетот, последиците, начинот на лекување, со цел подобрување на квалитетот на животот на населението од населбата.

– Ги запознаваме граѓаните на населбата со проблемите кои настануваат од болеста и со оглед на социјалната состојба на населението во населбата ги информираме со можностите кои тие ги имаат во рамките на услугите кои ги дава Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство каде што најголем дел од услугите поврзани со дијабетесот се бесплатни, изјави доктор Денковски.

Дилбера Камберовска, претседателка на „Даја“, посочи дека акцијата е многу значајна за жителите од Средорек, бидејќи, како што рече, имаат можност бесплатно да се едуцираат за болеста.

Од Здружението на дијабетичари нагласија дека во август и септември ќе имаат бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта во неколку рурални и урбани заедници во Куманово.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри