Акција за бесплатно мерење очен притисок во Гостивар

Од:

Здружението на офталмолози и Клиниката за очни болести-Скопје, денеска во Гостивар спроведоа акција за бесплатно мерење на очен притисок, како дел од актвностите за одбележувањето на Светската недела на глаукомот. На пунктот на градскиот плоштад, граѓаните добива и совети како да го заштитат и зачуваат здравјето на очите.

Активноста, како што беше кажано на прес-конференцијата е во насока на превенција од глауком, болест која се смета за втора водечка причина за слепило.

– Искуството кажува дека во ваквите акции се откриваат и до 30-тина пациенти со покачен очен притисок на кои понатаму им е потребен соодветен третман. А оваа акција има за цел, граѓаните да се информираат околу заболувањето и да се подигне свеста за важноста од навремено откривање, изјави д-р Илјаз Исмаили, директор на Клиника за очни болести – Скопје.

Според податоците кои беа презентирани, во Република Македонија од глауком се заболени околу 20 илјади луѓе. Болеста често завршува со намалување на видот и со слепило.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он