Вчера граѓаните на општина Берово „мрднаа со прст“ и активно се вклучија во работната акција – „Смеј се, играј, расти“ која се однесуваше на подготовка и изработка на креативни саксии кои ќе бидат наменети за детското игралиште кое е во тековна изработка, а се наоѓа во центарот на Ромското маало. Дополнително дел од разбудените беровчани работеа во изградба на детското игралиштето заедно и со помош на ЈКП Услуга Берово. На самиот настан учествуваа граѓани и претставници од локалните институции.
Особена благодарност до Општина Берово за изразениот интерес за работната акција и за нејзиното активното учествуво и поддршка. Во целост можеме да потврдиме дека акцијата ,,Смеј се, играј расти“ беше прекрасна акција во која преку дружба и прекрасна забава постигнавме повисоки цели кои се за општо добро на сите граѓани.
Би сакале да изразиме особена благодарност до граѓаните на општина Берово кои придонесоа кон успешност на акцијата Смеј се, играј расти и покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме.
Ние, како НВО КХАМ Делчево очекуваме да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто така очекуваме совесно и грижливо да се одржуваат општите добра.
Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“ во соработка со Општина Берово и ЈКП Услуга- Берово и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно.