Акција на ЈП „Чистота и зеленило“ за холтикултурно уредување на Куманово

Од:

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ насадија 500 листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки, а околу 64.000 расади на цвеќе се насадени на површина од 2.558 метри квадратни во градот, соопштија денеска надлежните од одделот „Зеленило“.

Листопандите, зимзелените садници и украсните грмушки се насадени на плоштадите, булеварите, кај спортската сала, Спомен Костурница, градските паркови, Ловечкиот дом и повеќе улици во градот.

– До крајот на пролетната сезона планираме да засадиме уште 250 терени со приближно 200 зимзелени садници низ градот, изјави Благица Јовановска, раководител на техничко-тенолошки сектор.

Таа апелира до граѓаните совесно да се однесуваат кон садниците и цвеќињата бидејќи дел од садниците на улицата „11 Октомври“ веќе се уништени од страна на несовесни граѓани.

Јовановска посочи дека сите садници и цвеќиња се сопствено производство на расадниците кои фунцкионираат во рамки на претпријатието.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда