(ВИДЕО) Ахмети: Вашиот глас на 24-ти март ќе значи победа затоа што ќе гласате за најдобрите

Од:

Кандидадот за градоначалник на Гостивар од ДУИ Невзат Бејта вети решавање на проблемот со вода за пиење, фабрика за рециклажа, модерни сообраќајници и ред други проекти на синоќешниот митинг на градскиот плоштад.

“На овдешните жители и печалбарите ќе ми овозможиме поволни услови за да инвестираат и нивниот капитал да го вложат во родниот Гостивар.Ќе ги легализираме сите објекти кои досега не беа легализирани. Ќе ги менуваме и донесуваме урбанистичките планови врз база на барањата и интересите на граѓаните. Даноците кои изминативе 4 години беа зголемени за 300 % ќе бидат намалени. Ова ви го гарантирам, и ви гарантирам дека општината ќе биде ваша и секогаш ќе бидете добредојдени во неа”, рече Бејта.

Лидерот на партијата Али Ахмети, пак, побара на 24-ти март гостиварци да гласаат за нив.

“Од вас барам да приближите повеќе луѓе кон оваа програма зад која раководството и членството на ДУИ стојат со сиот капацитет и кадри. Она што кандидадот Невзат Бејта го вети пред вас, убеден сум дека има знаење и енергија да го реализира. Вашиот глас на 24. март ќе значи победа затоа што ќе гласате за најдобрите”, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија