Поддршката на новиот спикер од страна на САД и ЕУ значи дека Трајко Вељаноски повеќе не е претседател на Собранието, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Хојт Ји, при што се заблагодари до меѓународната заедница на поддршката за Талат Џафери и негово признавање.
– Треба да се вратиме на остварување на целосно градење на институциите и ќе треба да комуницираме и натаму со САД. Министерството за внатрешни работи и министерот Нухиу имаат целосна поддршка од ДУИ и зад него стојат политичките партии и нема логика тој да се повлече од функцијата, рече Ахмети.
Тој вели дека процесите треба да се одвиваат на вистински начин како и дека од партија се решени да продолжат со процесот на конституирање на нова влада.
– По се ова што се случи во Парламентот крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец и да се прифати новата реалност односно новиот претеседател на Собранието, рече Ахмети додавајќи дека изборот на Талат Џафери е направен на легитимен начин.
Опозицијата предводена од Зоран Заев добила поддршка од ЕУ и САД за деблокирање на институциите.