Ахмети прогласи победа на изборите во Пласница

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, победа на Алија Јаоски на предвремените локални избори во Пласница. Објавата на Ахмети дојде на социјалните мрежи, на скоро еден час по затворање на десетте гласачки места во општината. За ова, нема потврда од Државната изборна комисија.

„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Алија Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите праведни политики за сите граѓани“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Гласачите во Пласница направија цензус, со што е исполнет прагот кој го налага Изборниот законик, на гласање за излезат најмалку една третина од запишаниот број на избирачи. Според пресекот на Државната изборна комисија во 18:30 часот, од вкупно 9.541 гласач, своето право го оствариле 1.959 жители. Тоа значи дека на гласање излегле 39.54 отсто од вкупниот број гласачи.

Во градочалничката трка учествуваа двајца кандидати, Алија Јаоски од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците.

Во Пласница имаше 10 избирачки места, каде сега се пребројуваат гласовите.

Би можело да ве интересира

Сашко Николов официјално градоначалник на Општина Штип

Ана Ололовска

ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов има најмногу гласови на изборите во Штип

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Во Штип вчера имаше мафијашки и талибански избори

Жарко Настоски

Штип и Пласница уште во првиот круг избраа нови градоначалници

Катерина Ѓуровски

Јорданов: Во Штип имаше мафијашки избори, само за Заев да спаси власт, вршеше притисоци и уцени

Ана Ололовска

Николовски: Без притисоци и закани како во едно режимско време, граѓаните застанаа зад одличен кандидат

Ана Ололовска