Ахмети: Пописот ќе се одржи во април, нема одложување

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска истакна дека пописот закажан за април ќе се одржи и оти нема никакви причини за негово одложување.

-Досега нема никаква промена и пописот ќе се одржи на почетокот на април. Ова е статистички чекор, чекор што треба да се направи бидејќи се бара од меѓународните организации како Европската унија и ЕУРОСТАТ за да имаат точни статистички информации како институции во ЕУ, рече Ахмети, во одговор на новинарско прашање, на свечената академија по повод независноста на Република Косово.

Како што рече Ахмети, предвремени парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството.

-Што се однесува до предвремените избори сметам дека се организираат во случаи на кризи, нефункционирање на Парламентот, блокирање на институциите, такво нешто нема и ниту во иднина мислам дека нема да има, бидејќи не се во интерес ниту на државата, а ниту и на партнерството во овој случај, рече Ахмети.

Ахмети истакна дека парламентарното мнозинство функционира во рамките на нормалноста и оти не се разговара за реконструкција на Владата.

Околу тоа дали се очекува кадровски промени внатре во ДУИ до владиниот кабинет, Ахмети рече дека тој е личност што ја поддржува слободната мисла и на крајот за се одлучува мнозинството на органите на партијата, со консензус или со мнозинство на партиските орган

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Заев, Ковачевски и Ахмети на иста маса-СДСМ го зајакнува Европскиот фронт

Предраг Петровиќ