Ахмети: Охридскиот рамковен договор е супстанца за влез во Европа

Од:

Под мотото „Заедно подобри, заедно посилни, заедно во Европа“ вечерва во Битола Демократската унија за интеграција (ДУИ) одржа предизборен митинг на кој ги претстави кандидатите за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија.

Во своето обраќање до членовите и симпатизерите на ДУИ, лидерот на таа партија Али Ахмети порача дека очекува поддршка од сите граѓани на Македонија затоа што како што рече не е целта само да се соберат гласовите, туку и да се направи нешто за граѓаните.

– Бараме поддршка од албанците, но и од другите граѓани на Македонија за реализирање на Охридскиот рамковен договор кој нуди мир и спокојство во државата, но тој воедно е и супстанца за влез во Европа. Охридскиот рамковен договор нуди мир, стабилност, меѓуверска толеранција. Сите ние сме луѓе, сите ги имаме истите проблеми и затоа треба да се обединиме бидејќи нашата иднина е во НАТО и ЕУ, а во соработка со сите соседни земји може да се гарантира здрава перспектива за државата. Мирот, редот и безбедноста се иднината на граѓаните, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На вечерашниот предизборен митинг во Битола ДУИ го претстави носителот на листата кандидати за пратеници од изборната единица број 4 Неџати Јакупи и кандидатката за пратеничка Хуља Рочи која потекнува од Битола, како и носителот на листата кандидати за пратеници од ИЕ 5 Муса Џафери и кандидатката за пратеничка Афродита Баталоска.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада