Ахмети: Не се залагаме за голема Албанија, туку сите Албанците да бидат дел од ЕУ и НАТО

Од:

Ние ги почитуваме вредностите на сите граѓани и го почитуваме јазикот и културата на секој народ. Затоа никој не треба да се плаши од голема Албанија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на вечерашниот митинг што се одржа на плоштадот Скендербег во Скопје.

– Од овој плоштад им испраќам порака на сите граѓани на Република Македонија да не се плашат бидејќи ние не се залагаме за голема Албанија, туку се бориме за слободен живот на местото кое ни е оставено од нашите претци. Никој да не се плаши од албанското знаме зашто само со почитување на нашите права ние ќе бидеме лојални на државата. Никој да не се лаши ниту од Хасан Приштина зашто тој се борел за сите граѓани кои живелее на овие простори. Ние не сакаме голема Албанија, туку сакаме сите Албанци да бидат дел од ЕУ и НАТО каде ќе бидеме еднакви и ќе живееме во мир, рече Ахмети.

Кандидатот за градоначалник на ДУИ за Чаир, Изет Меџити посочи дека училиштата во Чаир добиле нови имиња како што било желба на сите граѓани во општината, а го остварил и ветувањето во Скопје да постави споменици на Скендербег и Хасан Приштина.

– Ние работиме Албанците во Скопје да се чувствуваат како Албанците во Тирана и Приштина. Затоа можам со чист образ да се појавам пред вас. Апелирам да ставиме стоп на националистичките пораки за Кичево. Ние Кичево не го даваме па затоа ги повикувам и Турците и Бошњаците да ни се придружат затоа што ние ќе се грижиме за вас исто како што се грижиме и за Албанците, рече Меџити.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Артан Груби ги повика граѓаните на локалните избори да гласаат за ДУИ и да го вратат, подвлече, Скопје на Албанците.

– На 24 март ве повикувам да го вратиме Скопје на Албанците, а Кичево повторно да се вика Ускана како што е неговото старо албанско име, рече меѓу другото Груби.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“