Ахмети: Народот го дава легитимитетот за влез во Владата

Од:

Претседателот на ДУИ и носител на листа за пратеници во Шестата изборна единица Али Ахмети на вчерашниот митинг на градскиот плоштад во Гостивар рече дека неговата партија ќе го добие легитимитетот од народот и дека ќе ги исполни дадените ветувања за подобрување на животот на граѓаните.

– За нас дадениот збор е нешто свето. Ние никогаш нема да го погазиме тоа што сме го ветиле. И се она што е ставено на хартија ќе го реализираме. Ќе продолжиме да работиме за подобро образование, подобро здравство и инфраструктура, за подобра иднина, зашто ДУИ има храброст и волја. Гарантирам дека нема да направиме ниту еден чекор наназад. Ќе продолжиме да се залагаме за влез во НАТО, затоа што нема друга алтернатива освен НАТО. Само на тој начин ќе ја гарантираме стабилноста на земјата. Без тоа нема да има перспектива и иднина за граѓаните, рече Ахмети.

Истакна дека легитимитетот за влез во Владата го дава народот и дека никој не може да си игра со албанскиот народ.

– Пробаа таков експеримент во 2006-та, ама им пропадна. Се знае кој го дава легитимитетот, власта ја дава народот, нема друга опција. Владата ќе ја формираат избраните од мнозинството Албанци и мнозинството Македонци. ДУИ во континуитет подава рака на граѓаните од сите националности. Ние добро знаеме како е да си помал, дискриминиран, понижуван, оти тоа го искусивме во бивша Југославија, рече Ахмети.

На митингот во Гостивар зборуваа Талат Џафери, кандидатите за пратеници во Шестата изборна единица Аднан Јашари и Јамин Синани и градоначалникот на општина Гостивар и шеф на општинскиот изборен штаб на ДУИ Невзат Бејта.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“