Ахмети: Куманово е мој компромис за Кичево

Од:

Нови училишта, детска градинка и установа за лица со посебни потреби вети кандидатот за градоначалник за општина Куманово, Ариф Латифи на вечерашниов митинг на ДУИ во Куманово.
На митингот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ присуствуваше и лидерот на партијата Али Ахмети кој ги поздрави кумановци и истакна дека е горд што токму од Државниот тетовски универзитет од Куманово излезе првата генерација дипломци.

Ова е мојот компромис за Кичево, за да водиш политика треба да правиш компромиси, а токму отварањето на ДУТ во Куманово го сметам за компромис. Бев особено горд кога во касараната се сечеше лентата за отварање на Државниот универзитет кој преставува центар на образованието, рече Ахмети.

Тој ги повика кумановци да гласаат на локалните избори, бидејќи се потребни поголем број советници за да може да се спроведуваат проектите важни за граѓаните од албанската етничка заедница. Ахмети го поздрави преминувањето на неколку досегашни независни советници во листата на советници на ДУИ, додавајќи дека на централно ниво оваа инцијатива не ја поддржале лидерите на ДПА и НДП.

Во Куманово еднаш ја плативме цената од парцијализирањето на советници Албанци. Во минатото имавме повеќе советници, за разлика од претходните локални избори кога бројката на советниците Албанци се намали. Албанците во Куманово имаат потреба за понатамошно унапредување. Верувам дека на овие избори ќе освоиме повеќе советнички места отколку во минатото. Тоа треба да го докажеме на 24 март, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија