Ахмети: ДУИ е платформа на народот

Од:

Демеократската унија за интеграција својот завршен митинг од изборната кампања го одржа вечерва на градскиот плоштад во Тетово. Пред присутните се обрати само претседателот на ДУИ и носител на кандидатската листа за пратеници од оваа партија во Шестата изборна единица Али Ахмети.

– Секаде каде што бевме за време на оваа изборна кампања луѓето бараат подобрување на економијата, отворање нови работни места, подобрување на состојбите во образованието. Кој може сето тоа подобро да го направи од кандидатите на ДУИ кои без конкуренција се со најдобри познавања, знаења и искуство за сите тие сфери. Ние сме отвориле над две илајади нови работни места во западна Македонија од Струга до Тетово, рече Ахмети.

Образованието, рече тој, останува еден од најважните нивни приоритети, потсетувајќи дека веќе имаат отворено два универизтета на албански јазик и третиот новоотворен „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Луѓето бараат мир и сигурност, а кој може подобро да изгради таква држава од оние што воделе војна за поголеми права. Секаде каде бевме во кампањата повикувавме за обединување, а не делење на Албанците. Затоа и ги повикав новоформираните партии и движења да се обединат и така да ја победат ДУИ, а не вака разединети со што само може да загубиме пратенички места како Албанци. Ние веќе не сме политичка партија, туку платформа на народот и нема цена што може да се плати за нашата слобода што сме ја добиле со крв, изјави Ахмети.

На митингот на плоштадот во Тетово ДУИ ги претстави 120-те кандидати за пратеници во шесте изборни единици во Македонија, двајцата кандидати во дијаспората, министрите од редовите на ДУИ, дел од градоначалниците од оваа партија, како и шефовите на општинските изборни штбови заедно со шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски