Агенцијата за медиуми ќе купува автомобил од 33.000 евра

Од:

Агенцијата за медиуми ќе се подновува со нов луксузен автомобил. За набавка на службеното возило веќе објавиле јавен оглас и го доставиле до бирото за јавни набавки.

Автомобилот кој сака да го набави агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе биде со лизинг на период од шест години.

За набавка на автомобилот агенцијата проценила дека се потеребни 2.033.880 денари или околу 33.000 евра без вклучен ДДВ.

sluzbenovozilo33

Агенцијата за медиуми неодамна доби и нова зграда спроти хотелот Бристол. Зградата се гради на местото на уништениот парк.

Новата зграда на агенцијата која ги регулира медиумите а се наоѓа на местото на уништениот парк спроти Бристол ќе чини 4 милиони евра.

Центарот за развој на медиуми по анализа на агенцијата за медиуми излезе со соопштение дека за годинава, агенцијата планира да потроши 2 милиони евра за новата зграда и за мебел.

„Агенцијата планира да потроши дури 64,3% отсто од вкупните приходи за изградба на новиот деловен објект и за набавка на нов мебел Планираниот буџет на Агенцијата за 2015 година, изнесува 212.800.000 или 3 милиони и 460 илјади евра, а од нив е планирано за нов објект и мебел да бидат потрошени дури 136.800.000 денари или повеќе од 2 милиони и .200 илјади евра. АВМУ за потребите на изградбата на новиот објект планира и да се задолжи односно да подигне кредит во висина од 40 милиони денари или околу 650 илјади евра. Вака проектираните финансии недвосмислено укажуваат на тоа дека Агенцијата, во наредната година, многу повеќе ќе вложи во канцеларии и мебел отколку во развој и унапредување на медиумската сфера“, нотираа во извештајот ЦРМ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ