Агелер: САД ќе продолжат да го повикуваат секој што ќе го поткопува владеењето на правото

Од:

Американската амбасадорка Анџела Агелер, во врска со прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот, поради корупција, вели дека „народот на Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“.

-Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни. САД ќе продолжи да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – којшто ќе го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија, напиша Агелер на Фејсбук страницата на Амбасадата на САД.

Стејт департментот претходно денеска го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

-За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението.

Натаму, во соопштението се наведува дека оваа одлука ја реафирмира посветеноста на САД во борбата против корупцијата, којашто наштетува на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.

Одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

Би можело да ве интересира

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Катерина Ѓуровски

Честитки до Шекеринска, но и до премиерот Мицкоски и Владата од амбасадорката Агелер

А1он

Агелер: Гласав и како и сите вие очекувам да видам кој ќе победи на Претседателските избори во САД

Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД

Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба

Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата