​Аеродром ќе добие нови детски градинки, заврши јавниот повик за доставување идејни решенија

Од:

Денеска заврши јавниот повик за доставување на предлог-идејни решенија за изградба на една нова и доградба на постоечка градинка во Општина Аеродром. До комисијата формирана во рамките на општината пристигнаа 37 идејни решенија за изгледот и функционалноста на детските градинки.

„Комисијата која е составена од докажани професионалци во оваа област треба најдоцна во рок од десет дена од завршувањето на јавниот повик да ги избере најдобрите решенија на конкурсот, кои потоа ќе бидат јавно презентирани пред јавноста. При целиот избор на идејното решение, најпрво се води грижа на квалитетот на материјалите за градба, водејќи сметка на енергетската ефикасност, противпожарната заштита и лесната пристапност. Потоа при планирање на објектите се посветува внимание истите да бидат во согласност со актуелните потреби за сместување на дечиња утврдени од страна на општинските служби“, известува Општина Аеродром.

Како што информира Општината, согласно динамиката планирано е во првата половина од 2023 година да започне изградбата на едната градинка и доградбата на втората со што ќе се реши проблемот за сместување на околу 600 дечиња од Општина Аеродром.

– Изградбата на една детска градинка и доградба на втората се само дел од капиталните проекти кои се планирани во буџетот на Општина Аеродром за 2023 година, а кој треба да биде усвоен и презентиран пред јавноста до крајот на овој месец, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче