Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште

Од:

Општина Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште лоцирано на булеварот „Февруарски поход”. Игралиштето кое веќе е атрактивна локација за жителите на овој дел од општината е направено со поддршка од компанијата ,,Рагуза Груп” во чест на нејзиниот основач и прв сопственик, Мирослав Голомеиќ – Мирко 919.

Компанијата „Рагуза Груп“ е пример за општествена одговорност која преку инвестициите и соработката со локалната самоуправа придонесува за подобрување на животот на граѓаните на Аеродром, велат од Општина Аеродром.

– Со новоизграденото игралиште, дечињата и младите од „Тодор Чангов“, „Февруарски поход“ и околината добија ново катче за забава, дружење и спортување, изведено согласно сите стандарди за објекти од ваков вид. Целото игралиште е оградено, а пристапот се наоѓа од внатрешната страна, со што е целосно безбедно за користење, соопшти Општина Аеродром.

„Аеродром е урбана и спортска општина. Работиме на обезбедување на целосно нова инфрастуктура во делот на спортот и рекреацијата. Со големиот број на тековни инвестиции и проекти вложуваме во здравиот живот и во развојот на младите жители на општината“, истакна градоначалникот Муцунски.

Општината Аеродром до крајот на годината ќе реализира уште неколку спортско рекреативни објекти и ќе продолжи со работа за обезбедување услови за забава и рекреација на најмладите во сите делови од општината.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода