Аџиев повторно претседател на лустрациска, изгласан новиот состав на Kомисијата

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, со 82 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан го изгласа новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

Повторно претседател на Комисијата за лустрација е Томе Аџиев, а негов заменик Асан Љума. Членови се Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.

На дневен ред на денешното продолжение на 11-та седница се и Дополнетиот предлог закон за прекршоците во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на законите за внатрешни работи, за основно образование, за средно образование, за високо образование, за социјална заштита, за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

Пред пратениците е и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Се спасија судијките кои му ја потврдија лустрацијата на Драги Билески

Васко Маглешов

Конститутивна седница на новиот состав на лустрациска

Ана Ололовска

Предложен новиот состав на Лустрациската комисија

Емир Латифовиќ