Адвокатот на Вељаноски: Тој не е виновен за „27 април“, ја водел седницата според Деловник

Од:

Обвинетитот Трајко Вељаноски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај. Адвокатот Еленко Миланов, во денешните завршни зборови истакна дека од 30 илјади пораки од Вељаноски, воопшто нема комуникација меѓу него и обвинетиот Владимир Атанасовски (поранешен директорот на УБК), Никола Бошковски (во бегство) и обвинетиот Миле Јанакиески.

– Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Вељаноски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиески. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече адвокатот Еленко Миланов.

Бранителот на Трајко Вељаноски, адвокатот Еленко Миланов, исто така наведе дека уставниот поредок во тој период во РМ е парламентарна демократија и истиот е и по 27 април 2017 година и никаде не постои навод, дека некој сакал или се обидел да воспостави друг уставен поредок во земјата.

– Со тоа не е исполнет првиот и основен дел од оваа инкриминација за да може да се тврди дека некој од овде обвинетите го сторил делото. Ништо такво ниту се става на товар на обвинението, она што се става на товар е насилство, изјави Миланов.

Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.

– Не може за ова да го прогласите Трајко Вељаноски за виновен, рече Миланов.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков. Главната расправа е во фаза на завршни зборови.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески