Адвокатот на Ќосето: Горанчо за ништо не е виновен, обвинителството не го докажа обвинението

Од:

Обвинителството не само што не го докажа обвинението, туку сите посведочивме дека лицето, Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото делување нема ниту едно дејствие со кое би се направило терористичко загрозување на Уставниот поредок, и поради тоа од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник односно ослободителна пресуда која би била и единствена исправна за случајот, рече адвокатот на Горанчо Ангелов-Ќосето, изјави Драган Пешевски во завршните зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април во Собранието.

„Овој човек до мене, Горанчо Ангелов во негови средни години, не осудуван, татко на 3 деца од кои 2 малолетни, човек кој со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ сметате ли дека е терорист?,“ запраша Пешевски.

Завршните зборови на бранителот на Ќосето беа во насока на обвинението кое неколку пати беше променето од страна на Јавното обвинителство за на крај да заврши со делото „терористичко загрозување на уставниот поредок”. Пешевски истакна дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието бидејќи воопшто не знаеле дека тоа се планира. Според него обвинетите решиле да преземат дејствија бидејќи слушнале дека во парламентот се пее албанската химна.

„Во обвинението стои дека целта била спречување на избор за претседател на Собранието. Како може да е тоа вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречено“, рече Пешевски.

За крвавиот четврток беа обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Meѓу нив обвинети, а амнестирани беа и пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски.

Петмина обвинети за настаните од 27 април одлучија да не бараат амнестија: Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, дежурниот во оперативниот штаб на МВР, Душко Лазаров, Игор Дурловски, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, Јане Ченто и Игор Југ.

Обвинети останаа: ексдиректорот на БЈБ – Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски – Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Сандра Бошковска

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Завршни зборови за 27 април

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Сандра Бошковска

Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27 април, осудете ме

Сандра Бошковска

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Сандра Бошковска