Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

Од:

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судски рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по породувањето во болницата во Струга и биле отстранети три органи, за што на обвинителка клупа седнаа тројца лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Причина за одлагањето, како што истакна судечкиот судија Јордан Јованов, е отсуството на бранителот на првообвинетите во трите предмети, за што Судот одлучи да биде казнет парично со по 1.000 евра од предмет, односно вкупно 3.000 евра.

Се работи за истиот адвокат – Игор Петковски.

– Бранителот на првообвинетите побара одлагање повикувајќи се на истиот предмет за кој што бараше одлагање и на 7 ноември. Тоа значи дека во времето кога е добиена новата покана бранителот веќе знаел дека има закажано овдека и други рочишта, меѓутоа ги одлага сите овие рочишта заради тоа едно кое што е во ОЈО Битола, изјави судијата Јованов.

Тој посочи дека не е преземена никаква реакција за еднаш тоа судење или сослушување да се одложи иако се знае дека во Судот во Струга има услови за одржување на рочиштата, за кои континуирано се бара одлагања.

– Изречена му е парична казна во висина од 1.000 евра, предвидена во Законот за кривична постапка заради злоупотреба на права што им припаѓаат на странките и таква санкција е изречена за секој предмет посебно, појасни Јованов.

За случајот со Веапоска, покрај паричната казна, поради повеќекратни одлагања, судот донесе решение да биде определен нов бранител, кој ќе ги застапува интересите на обвинетите.

– На ваков начин нема да се пролонгира судскиот процес. Во случај на неможност да дојдат било кој од бранителите на обвинетите тој може да ги застапува, бидејќи ќе се запознае со списите на целиот предмет и ќе може да ги брани интересите на кои било од нив, истакна Јованов.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Обвинителството започна истрага за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Две години условна и 2.500 евра парична казна за Рамиз Мерко

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска