Адвокатот кој го бранеше Верушевски, е предложен за член на Советот на јавни обвинители

Од:

Адвокатот Ангеле Илиевски кој го застапуваше првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, е едниот предлог на Собранието за пополнување на испразнетото место во Советот на јавни обвинители, дознава „Макфакс“.

Вториот предлог на Собранието за член на Советот на јавни обвинители е адвокатот и поранешен член на Судскиот совет, Ангел Солев. Тој за „Макфакс“ потврди дека поднел кандидатура на огласот кој го објави Собранието, но ќе почека формално да заврши постапката.

На денешната седница на Комисијата на Собранието за прашања на изборите и именувањата како точка се ставени овие два предлози за нови членови на Советот на јавни обвинители, за кои ќе гласаат пратениците. За точката денеска сепак нема да се гласа.

Според Законот за Советот на јавни обвинители, тројца членови ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Минатата недела, Советот, пак, објави дека новоизбран член на ова тело е Ацо Колевски, кого јавноста го памети за спорното барањето за заштита на законитоста, преку кое, на бизнисменот Сеад Кочан му беше укинат притворот. Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено токму од јавниот обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. Доколку овие 2 предлози поминат, Советот на јавни обвинители целосно ќе го комплетира составот.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители