• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Адвокатот Андоновски прв македонски арбитар во Меѓународниот суд во Софија

by А1он18/04/2017 - 10:14193
Share0

Кумановецот Зоран Андоновски од неодамна е назначен за прв и засега единствен меѓународен арбитар од Македонија во Меѓународниот трговски арбитражен суд во Софија, Република Бугарија.

Добивај вести на вибер

За Андоновски е предизвик да се прифати и да се реализира оваа функција. Како адвокат 90 проценти од неговото работење се однесувало на корпоративното управување со правните лица.

Меѓународната арбитража, според Андоновски, е неопходна алатка, за да се заштеди време и средства. Постапката пред меѓународната арбитража, објаснува, трае релативно кратко, а одлуката не подлежи ниту на редовни, ниту на вонредни правни лекови. Одлуката на Арбитражниот суд согласно Њујоршката конвенција, се потврдува на територијата на секоја земја која ја има потпишано и ратификувано, меѓу кои е и Република Македонија. Со изнесување на предметот пред Арбитражниот совет на судот, објаснува тој, арбитражниот совет за многу кус период донесува одлука

– Затоа сметам дека меѓународната арбитража допрва ќе заживее во Македонија, а страните се почесто ќе ја користат во свој интерес. За илустрација пред Софискиот арбитражен суд, постојат два вида на дела. Едните се со вредност до 12.500 евра во кои постапува арбитар поединец каде роковите се скратени и овие постапки релативно брзо се завршуваат без да го надминат интервалот од три месеци. Во останатите постапки во спорови над 12.500 евра, постапува Арбитражен совет од тројца арбитри, со можност едната страна да го именува едниот арбитер, другата страна другиот, а претседателот на Судот го именува третиот арбитер. Тие спорот го решаваат исклучиво на доказите кои ги доставиле странките, со можност и Судот да прибави докази доколку се неопходни за решавање на спорот. Меѓутоа и во овој случај ефикасноста на судот е на многу високо ниво, затоа што одлучувањето по поединечен предмет не смее да го надмине интервалот од шест месеци, од моментот кога тужителот ја има предадено тужбата до Арбитражниот суд, со обврска сите арбитражни такси и депозити од страна на страните – учесници во постапката да се платени на време, објасни Андоновски.

Тој се надева дека бизнис заедницата ќе ги согледа позитивните ефекти од арбитражата и ќе ја применува, бидејќи нагласи, меѓународната трговска арбитража како современ правен институт, е алатка која станува достапна во секое современо општество.

– Токму меѓународната трговска арбитража е тоа што е неопходно, како би можело брзо, едноставно и без поголеми оптоварувања и трошоци да се надминат ситуациите со кои се соочува конкретно стопанскиот сектор при извршувањето на своите редовни работи и работни задачи, изјави Андоновски.

sudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски30/12/2025 - 17:0430/12/2025 - 17:33

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Горан Наумовски19/11/2025 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 19:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен