Адвокатите на Штекли тврдат дека страда од шизфрено растројство, Дени Масев призна вина

Од:

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А фудбалската репрезентација Данчо Масев како и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка. Во однос на обвинетиот Раде Трајковски Штекли, судот најави дека на следното рочиште ќе се соочат психијатриските вештачења од одбраната и Обвинителството.

Како што информираше судијата Илија Трпков на денешното рочиштете, во врска со психолошката состојба на Трајковски, одбраната доставила вештачење во кое се наведува дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не е способен да ја следи судската постапка.

Спротивно на тоа, обвинителството доставило изготвено психијатриско вештачење во кое се тврди дека Трајковски е апсихотичен и способен да учествува во расправата.

Претседателот на Судечкиот совет, потоа го одложи судењето за 3 септември со најава дека на наредната расправа ќе ги повика вештите лица од двете страни за да ги соочи нивните мислења. Потоа, како што рече, Судот ќе одлучи на кое вештачење ќе му поклони верба, или ќе нареди ново психијатриско вештачење доколку се утврди потреба.

Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага која вклучувала посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Би можело да ве интересира

„Штекли“ во судница вели: Не го разбирам обвинението против мене

Горан Наумовски

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

Катерина Ѓуровски

„Штекли“ имаше некој вид на епилептичен напад и падна во судница, рочиштето се одложи за 9 октомври

„Штекли“ е во болница – судењето против Трајковски е одложено поради здравствени причини

Горан Наумовски

Раде Трајковски Штекли оди во Шутка, притвор и за сите од неговата група

Катерина Ѓуровски

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски