Адвокатите на Јанева бараат да се одложи „Рекет“ бидејќи таа е во ризичната категорија според мерките за коронавирусот

Од:

Адвокатите на Катица Јанева поднеле барање за одлагање на денешното рочиште за „Рекет“. Како причина е наведено дека обвинетата користи на мерки од Владата за спречување на ширење на коронавирусот, со оглед дека спроед нејзината здравствена состојба, таа е во ризичната група граѓани.

Во поднесокот е наведено дека станува збор за хронична здравствена состојба. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагање се бара и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати.

Одлука на ваквиот предлог треба да донесе судијката Васка Николовска – Масевска, која го води процесот по овој предмет. Таа треба да го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор, доколку одлучи да го прифати барањето.

На денешното рочиште е планирано да сведочат дел од обвинителите од СЈО. Таа предложи 13 од нив, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов