Адвокати бараат амнестија за осудените за 27 април: Додека смртниците скапуваат во робија, Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат

Од:

Три адвокатски канцеларии од Скопје ќе поднесат предлог-закон чија цел е да се амнестираат осудените за крвавите настани во Собранието на 27 април. Адвокатот Јанаки Митровски, еден од подносителите, посочува дека не го оправдува стореното, но смета дека нема поголема неправда од селективна прада. Посочува дека амнестијата за експратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски, кои ги побараа и добија – се селективни и од политичко луктративни причини. Митровски заедно со адвокатот Драган Пешевски и Петар Тимовски иницијативата ќе ја достават до сите пратенички групи.

„Предлогот е сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50% казна. Како адвокат кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн. додека обичните смртници пуштени низ вода веќе шеста година скапуваат на робија“, посочува адвокатот Митровски.

Тој додава дека најголем дел од осудените веќе одлежале половина од казните.

„Од тие причини, а како најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, и особено во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија, го поднесуваме овој предлог Закон до сите пратеници од кои очекуваме да иницираат негово ставање на дневен ред.

Се разбира законското решение може и да се доработи од страна на заинтересираните пратеници, за што посочените адвокатски канцеларии стојат на располагање“, додава адвокатот.

На 16 обвинети како извршители на крвавите инциденти на 27 април, Апелација им ги потврд пресудите од првостепениот суд, но им ги намали затворските казни за една до две години. Правосилната пресуда на Апелација за секој од осудените е следна: Митко Чавков – намалување на казната од 18 на 16 години затвор; Митко Пешов – намалување на казната од 15 на 13 години затвор; Горан Ѓошевски Леви – намалување на казната од 15 на 13 години затвор; Оливер Радулов – намалување на казната од 10 на 9 години затвор; Оливер Радулов – намалување на казната од 10 на 9 години затвор; Јане Ченто – намалување на казната од 15 на 13 години затвор; Душко Лазаров – намалување на казната од 15 на 13 години затвор; Абдуљфета Алими – намалување на казната од 7 на 6 години затвор; Младен Додевски – намалување на казната од 12 на 11 години затвор; Мунир Пепиќ – намалување на казната од 15 на 13 години затвор; Оливер Поповски – намалување на казната од 13 на 11 години затвор; Никола Митревски – Кољо – намалување на казната од 15 на 14 години затвор; Горанче Анѓеловски – намалување на казната од 12 на 11 години затвор; Игор Југ – намалување на казната од 12 на 11 години затвор; Влатко Трајковски – намалување на казната од 15 на 14 години затвор; Вилијам Михајловски – намалување на казната од 14 на 13 години затвор; Александар Василевски – Нинџа – намалување на казната од 8 на 7 години затвор.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Продолжен прекинот во издржување на казната на дел од осудените за 27 април, меѓу кои и на Митко Чавков

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски