АДСДП: Градиме согласно годишната програма одобрена од Владата

Од:

Во врска со реакциите во јавноста во однос на евентуална изградба на 60-катници на просторот кај хотелот „Холидеј ин“, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) попладнево соопшти дека гради согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ донесена од Владата и изготвена врз основа на деталните убанистички планови.

Според АДСДП, во интервјуто за МИА, генералниот директор Кристијан Трајковски посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните.

АДСДП нагласува дека и натаму останува на својата основна задача -обезбедување развој на економски план како за државата, така и за нашето АДСДП што во пракса значи привлекување домашни и странски инвестиции.

– Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови што ги изготвуваат општините согласно потребите за комерцијални и социјални станови, како и за деловни објекти. Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите, наведува претпријатието.

Дополнува и дека и во иднина ќе продолжи да ги почитува законските прописи на важечките урбанистички планови.

Би можело да ве интересира

Генералниот директор на АДСДП-Кристијан Трајковски останува на минималната плата

Ана Ололовска

Дезинфекција на објектите на АДСДП

А1он

Паркингот спроти „Холидеј ин“ прекинува со работа

Наум Локоски