АДИССДП ги оценува како неточни информациите изнесени за Суперкупот

Од:

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката АДИССДП ги оценува како неточни и невистините изнесените факти во врска со подготвките за одржување на Супекупот 2017 на Арната „Филип Втори“ од страна на генералниот секретар на Владата на РМ Драги Рашковски и од него бараат да престане да се однесува како опозиционер.

– Од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на седница на Влада, со што само ќе се донесе одлука со која средствата со кои располага АДИССДП, а се наоѓаат на ненаменските сметки, да бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа. Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на АДИССДП и Република Македонија, стои во реакцијата.

Во однос на јавни набавки, укажуваат дека тие се спроведени согласно Законот за јавни набавки со електронска аукција и избор на понудувач со понудена најниска цена.

Бараат да ги презентира вистинските износи и посочуваат дека од АД е најтранспарентна институција и на медиумите и македонската јавност може да и биде на увид било која јавна набавка.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места

Владата ќе гради Мултифункционален научно-технолошки парк

Зеленски го заменува украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

Влада: Геноцидот од Сребреница да остане траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски