Адеми учествуваше на форумот „Време е за Европа“ во Сараево

Од:

Денес, министерот во Владата на РМ задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, реализираше две средби во Сараево, БиХ и се обрати на регионалниот форум “Време е за Европа” организиран од Европското движење на БиХ.

Првенствено, министерот Адеми оствари средба со Семиха Боровац, министерка за човекови права и бегалци во Владата на БиХ.

На средбата се истакна задоволството од продлабочувањето на соработката помеѓу двата ресори и притоа се разменија искуствата околу досегашните активности, но и идни чекори кои би требало да бидат превземени. Министерката Боровац го потенцираше проектот кој е во завршна фаза во БиХ, а се однесува на мапирање на дијаспората, додека министерот Адеми го потенцираше започнувањето на процесот на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Дополнително, се продолжија разговорите кои стартуваа при посетата на БиХ од страна на делегација на Владата на РМ предводена од Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, каде се иницираше започнување на постапка за овозможување на двојно државјанство на државјани на РМ кои живеат и работат во БиХ.

На втората средба со меѓународниот претставник на БиХ, Валентин Ицко, министерот Адеми информираше за работата на Владата, досегашните превземени чекори и идни активности, додека Индцко се заблагодари за поддршката и учеството од страна на Македонија во мисијата на ЕУФОР, со желба тоа да продолжи и понатаму.

Би можело да ве интересира

Уапсени две воспитувачки во градинка во БиХ – обвинети за психичко насилство врз дете

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Му го исече вратот на сопругот, па сама се пријави во полиција – мажот преживеа

А1он

Пијан и дрогиран уби 19-годишна девојка, доби само три години затвор

А1он