Адеми и Шалваринов во посета на Германија и Австрија

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, во придружба од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, од денеска до 5 септември ќе престојуваат на работна посета на Сојузна Република Германија и Република Австрија.

Како што соопшти кабинетот на Адеми, по покана од претседателот на Сенатот и градоначалник на Бремен, Карстен Силинг, делегацијата на 2 и 3 септември ќе учествува на отворањето на манифестацијата „Недела на интеграција“, посветена на сите граѓани на Бремен кои се дојдени од други земји, а живеат и работат во Бремен, меѓу нив и наши сонародници по потекло од Република Македонија. Оваа манифестација се одржува под покровителство на градоначалникот на Бремен.

За време на посета во Германија и Австрија, делегацијата од Република Македонија, предводена од министерот Едмонд Адеми, ќе се сретне и со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората по потекло од Република Македонија во Берлин, Бремен и Хамбург, СР Германија и во Виена, Австрија.

Воедно, министерот Адеми со делегацијата, покрај средбите со претставниците на дијаспората, во Берлин, на 4-ти септември, ќе има средби и со група пратеници од германскиот Буденстаг.

На 5-ти септември во Виена министерот Адеми ќе има средби со претставници на Македонската црковна заедница во Виена, како и со организации и здруженија на дијаспората по потекло од Република Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Адеми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски