Адеми се сретна со генералниот директор на ИОМ, Свинг

Од:

Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми денеска во Женева се сретна со амбасадорoт Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција.

Адеми, соопшти неговиот Кабинет, го запознал амбасадорот Свинг со чекорите кои ќе бидат преземени поврзани со дијаспората и ја истакнал потребата од заедничка соработка, имајќи го предвид искуството на ИОМ со проекти поврзани токму со дијаспората .

На средбата министерот Адеми го запознал генералниот директор на ИОМ, амбасадорот Свинг, со програмата и активностите на новата Влада на Република Македонија, се заблагодарил за досегашната соработка и поддршка на ИОМ за Република Македонија и ја изразил поддршката на Владата за активностите на ИOM на регионално и на глобално ниво.

Генералниот директор на ИОМ, амбасадорот Свинг ја поздравил одлуката, односите со дијаспората да ги подигне на повисоко ниво преку министер задолжен за дијаспора и изразил подготвеност да ја поддржи Владата во активностите на техничко и советодавно ниво.

Исто така била разгледана можноста Република Македонија во 2018 година да биде домаќин на Самит на министри за дијаспора.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски