Адеми се сретна со албанскиот амбасадор Река

Од:

Министерот во Владата, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми денеска имаше средба со албанскиот амбасадор во Република Македонија.

На средбата министерот Адеми истакна дека Владата на Република Македонија дава политичка тежина на односите на дијаспората и со ова покажува дека желбата е исто толку голема, колку и самата волја да се интегрира дијаспората.

Исто така, беше нагласено дека поставувањето на темелите за заедничка соработка е главен столб за зајакнување на односите помеѓу државата и дијаспората. Министерот изрази благодарност за поддршката на Република Албанија за Република Македонија, и е отворен за понатамошна соработка во областите од заеднички интерес.

Амбасадорот Река рече дека е убеден дека Македонија и Албанија ќе напредуваат заедно, бидејќи имаат многу заеднички работи и дека резултатот ќе биде корисен, затоа што ќе се иницира понатамошната соработка. Исто така, истакна дека министерот Адеми има јасна визија за дијаспората и желбата да се помогне на дијаспората, што е многу важен и клучен елемент. соопшти кабинетот на Адеми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски