Адеми се обрати на третата министерска средба во Брисел

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска се обрати на третата министерска средба на РЕНА мрежата, која се одржува во Брисел, Белгија.

Адеми со колегите од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Исланд, Косово, Црна Гора и Србија, со комесарот за животна средина Поточник и со генералниот директор Делбеке на средбата дискутираа за резултатите постигнати преку програмата на  Регионалната еколошка мрежа за пристапување (РЕНА) и за патот за понатамошна попродлабочена регионална соработка меѓу земјите-кандидати и потенцијални кандитати за членство во ЕУ во областите на животната средина и климатските промени, во насока на подобро подготвување за пристапување во ЕУ, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во своето обраќање министерот Адеми направил пресек на досегашните достигувања на Република Македонија во однос на остварување на зацртаните програмски цели и задачи на РЕНА мрежата.

При тоа беше нагласен напредокот во секторот води, активностите во рамките на искористувањето на ИПА фондовите, воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад, развивањето на процесот на преговарање и  идентификување на  недостатоците во информации и во управувачките практики, со осврт на соработката со Шведскта агенција за животна средина, обезбедување на адекватно ниво на заштита на животната средина преку спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина или издавањето на дозволи во услови кога како  општа економска ситуација во Европа и во нашите земји е наметната потреба од ефективни акции на нашите Влади насочени кон тоа како да го повратиме економскиот раст, се вели во соопштението од МЗШВ.

Адеми посочил дека прашањето за климатските промени во развојните политики претставува особен предизвик и дека подигнувањето на јавната свест и зајакнувањето на капацитетите за вклучување на концептот на климатските промени во стратегиите за одржлив разој ќе биде  од посебно значење.

Би можело да ве интересира

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски