Адеми: Во говорот на Заев апсолутно немаше повик за амнестија на обвинетите за 27 април

Од:

Премиерот зборуваше за помирување, подавање рака, помирување на поделбите, апсолутно немаше повик за амнестија. Едно е судските процеси, друго е интересите на државата. Факт е дека сме поделени партиски етнички и по сите основи, народот исто како и политичарите, сите сме сити од поделби. Помирувањето и подавањето рака има човечка димензија, амнестијата е нешто друго, вели за „А1он“ министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, по што додаде дека медиумите погрешно ја протолкувале изјавата на премиерот.

Тој го посочи примерот со војните кои се одвиваа на Балканот при распадот на Југославија каде покрај пријателството помеѓу хрватскиот и босанскиот народ и понатаму водат судски спорови околу немилите случувања од минатиот век.

Адеми исто така на социјалните мрежи напиша дека подавањето рака за помирување не значи амнестија по што го посочи примерот со Папата Јован Павле втори кој му простил на својот атентатор, но не го амнестирал од одложување на затворската казна.

Во однос на денешната собраниска седница за уставните промени, Адеми не сакаше да ја коментира состојбата со бројот на пратеници односно дали мнозинството ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство за промени во Уставот.

– Не би коментирал, во тој правец мислам дека она што го кажа премиерот, сите пратеници се поставени пред историска одлука и знаат дека единствениот начин да се стигне до НАТО и ЕУ е преку прифаќање на Договорот со Грција, подобар договор не е можен доколку овој пропадне, пратениците се тие кои треба да носат одлука за иднината на државата,а историјата ќе ги памети по добро или лошо зависно од одлуката која ќе ја донесат, вели Адеми.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Посета на Адеми на Кралството Данска и Кралството Шведска

Адеми: Норвешка пример за позитивна интеграција на дијаспората

Адеми и Шалваринов во официјална посета на Норвешка

Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Наум Локоски

Министерот за дијаспора Адеми во официјална посета на Романија

Наум Локоски

Едмонд Адеми: Пратениците не заседаваа, првата плата да ја донираат за сиромашните!

А1он