Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

Од:

Пратеникот Арбер Адеми веста за обидот за напад врз првиот вицепремиер Артан Груби ја примил со доза на загриженост. На Фејсбук ги повика органите да го расчистат случајот и ги повика граѓаните да му дадат поддршка на Груби.

„Ги повикувам сите надлежни органи да преземат соодветни активности за целосно расчистување на овој случај и да ги изведат пред лицето на правдата и авторите и нарачателите на овој чин.

Изразете поддршка за првиот вицепремиер, и охрабрете го да не отстапува и без разлика да продолжи со својата работа во служба на граѓаните. Ваквите постапки на кукавицата не треба да не одбиваат ниту да не плашат. Напротив, нè зајакнуваат и не прават порешителни кон нашите обврски“, вели Адеми.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

Ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, вели Мицкоски

ВЛЕН: Груби треба да се држи што подалеку од студентите

Запалено возило „опел мерива“, огнот зафатил уште две возила

A1on

За само едно деноноќие опожарени пет возила во Кисела Вода, Ѓорче Петров и во Валандово

A1on

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата